Поранешниот фудбалер на Барселона и репрезентацијата на Бразил, Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор за силување девојка во ноќен клуб во 2022 година.
На 20 јануари 2023 година, Алвеш беше приведен во Шпанија поради случај на сексуално вознемирување. Оттогаш тој е во притвор. Самиот Алвеш ги негираше обвинувањата против него и постојано го менуваше своето сведочење во случајот.
На 5 февруари „АС“ објави дека адвокатите на Алвеш не постигнале договор со обвинителството и жртвата. Обвинителството бараше деветгодишна затворска казна за 40-годишниот Бразилец и бараше на наводната жртва да и плати отштета од 150.000 евра.
Иако јавноста во Шпанија очекуваше поголема казна за Алвеш, судот како олеснителна околност ја прифатил алкохолизираната состојба во која се наоѓал фудбалерот кога го извршил делото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.