Напаѓачот на Челзи и репрезентацијата на САД, Кристијан Пулишиќ ги сподели своите размислувања за Светското првенство во 2022 година.

– Сакаме да го промениме начинот на кој светот размислува за американскиот фудбал. Ова е една од нашите цели. Мислам дека треба да се докажуваме. Можеби во последните децении не бевме на нивото на некои од светските фудбалски сили. Но, мислам дека можеме да направиме чекор напред и дека успешното домаќинство на Светското првенство може многу да промени, го цитира 24-годишниот напаѓач „MLSsoccer“.

Светското првенство во Катар ќе се одржи од 20 ноември до 18 Ð �екември. Селекцијата на САД ќе игра во група со Англија, Иран и Велс



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.