Во англиската Премиер лига викендов се играат натпреварите од 3.коло во кое Челзи го запиша првиот сезонски пораз. Попладнево „сините“ од Лондон загубија на гостувањето кај Лидс со 3:0.
Головите ги постигнаа Бренден Аронсон, Родриго Морено Мачадо и Џек Харисон.
Челзи средбата ја заврши со фудбалер помалку поради исклучувањето на Калиду Кулибали.
Избраниците на тренерот Томас Тухел имаат четири од можни 12 кола. Челзи еднаш победи, еднаш ремизираше, а денеска беше совладан од Лидс.
Пред докомплетирање на колото, Арсенал е лидер на табелата со максимални девет бода, Тотенхем, Лидс и Брајтон имаат по седум, Манчестер сити шест и натпревар помалку
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.