Манчестер сити се подготвува да понуди нов договор со двојно поголема плата на играчот од средниот ред Бернард Силва, пишува „Дејли Стар“.

Дваесет и осумгодишниот Силва сега има уште три години од договорот од 150.000 фунти неделно.

Новиот договор ќе му овозможи на Силва да ја зголеми својата плата и да стане третиот најплатен играч во тимот зад Кевин Де Брујн и Ерлин Холанд, кои се платени по 400 и 350 фунти неделно.

Манчестер сити ја одби понудата на Пари Сен-Жермен за ангажирање на Силва. Парискиот клуб понуди 80 милиони евра, но Британците одбија.

Бернардо Силва е во Сити од јули 2017 година. Сезонава учествуваше на четири натпревари и постигна еден гол, третиот за „граѓаните“ на денешниот натпревар со Њукасл (3:3).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.