Според пишувањето на медиумите во Англија, раководството на Челзи планира да ја прекине соработката со пет играчи, а се со цел да го откупи договорот на Жоао Феликс и да го комплетира трансферот на Деклан Рајс.
Сопственикот на клубот Тод Боели планира да ги продаде Хаким Зиеш, Мејсон Маунт, Кристијан Пулишиќ, Конор Галагер и Калиду Кулибали и да обезбеди буџет за двајцата фудбалери.
Неофицијално за да се откупи договорот на Жоао Феликс од Атлетико Мадрид и да се доведе Деклан Рајс од Вест Хем потребни меѓу 150 и 200 милиони фунти, сума која може да се обезбеди со продажбата на петте прекубројни во составот на Грем Потер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.