Санкциите против Русија поради инвазијата врз Украина не треба да се однесуваат на руските спортисти, оцени денеска претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА) Александар Чеферин, додавајќи оти европската Куќа на фудбалот наскоро ќе донесе одлука поврзана со настапите на руските клубови во европските натпреварувања.
Во разговор за словенечкиот весник „Вечер“, Чеферин истакна дека рускиот спорт, кој е под меѓународни санкции, не би требало да трпи последици поради „одлуката на поединци“ поврзани со инвазијата врз Украина.
Чеферин рече дека УЕФА била принудена да донесе одлуки и санкции поврзани со настапите на руските репрезентации и екипи во европските натпреварувања, но нагласи дека тоа сега повторно ќе се разгледува.
– УЕФА наскоро ќе донесе одлука дали руските екипи ќе можат или нема да можат да настапуваат во европските натпреварувања, изјави претседателот на УЕФА.
Укажувајќи дека руските спортисти трпат санкции, иако не се виновни за војната, Чеферин посочи дека треба да се покаже оти санкциите не се насочени ниту против руските спортисти, ниту против рускиот народ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.