Сите директори на Јувентус денеска си поднесоа оставки и си заминаа од функцијата, пренесува италијански La Gazzetta dello Sport.

Претседателот Андреа Ањели, неговиот заменик Павел Недвед и извршниот директор Маурицио Аривабене го напуштаат клубот. Со нив клубот го напуштаат голем број директори и помали функционери, а тоа се Лоренс Дебро, Масимо Дела Рагионе, Катрин Финк, Даниела Марилунго, Франческо Ронкаљо, Џорџо Такија и Сузан Кејвуд.

Да потсетиме, клубот беше обвинет дека на сомнителен начин остварувал приходи во 2018, 2019 и 2020 година. Под истрага се 16 лица, сегашни и поранешни вработени во клубот, а имињата кои најмногу се издвојуваат се Андреа Ањели, Павел Недвед и Маурицио Аривабене, луѓе кои денеска го напуштија клубот.

Зад сѐ стојат тајните документи кои што клубот ги потпишал со Кристијано Роналдо за време на пандемијата на коронавирус. Според нив, според La Gazzetta dello Sport, Јувентус на својот тогашен напаѓач му ветил исплата од 19,9 милиони евра, што, според обвинителството, не било наведено во финансиските извештаи на клубот.

Јувентус ветил дека ќе му ја плати споменатата сума на Роналдо дури и ако тој го напушти клубот пред крајот на договорената соработка, што португалскиот напаѓач го направил со заминувањето во Манчестер Јунајтед. Во времето на пандемијата, Јувентус најавил големи намалувања на платите, а подоцна потврдиле дека поради финансиски проблеми на играчите им биле ускратени приходите што требало да ги добијат за четири месеци.

Обвинителството се обидува да докаже дека тоа не е точно, дека постојат поединечни необјавени документи меѓу клубот и играчите, односно дека се фалсификувани сметките на клубот, за годините 2019, 2020 и 2021 година. Пронајден е токму таков документ дека Роналдо потпишал со торинскиот гигант. La Stampa претходно напиша дека Роналдо одбил да даде изјава во обвинителството кога го прашале за спорниот документ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.