Цеца Ражнатовиќ  во ноември оди во Катар за да му даде поддршка на момчето на Анастасија, Немања Гудељ на Мундијалот!

Фолк дивата често во живо ги следи значајните натпревари на српската репрезентација, а  овојпат тоа ќе го направат со поголемо задоволство. Сега има повеќе причина, бидејќи во Катар ќе игра и фудбалерот на Севиља со кој нејзината наследничка е во емотивна врска.

Анастасија и Цеца планираат патување на Мундијалот. До натпреварот остануваат уште седум месеци, а Анастасија веќе бараат авионски билети и хотел, бидејќи во Катар се очекува гужва туристи за време на Мундијалот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.