Бразилскиот фудбалер Зико бил ограбен во Париз, пренесуваат медиумите.

Зико е во Париз како член на олимписката делегација на Бразил, бил ограбен во четвртокот вечерта додека го напуштал хотелот и влегувал во такси.

Со себе имал часовник „ролекс“, дијамантска огрлица и пари во актовката, кога еден од разбојнците му го одвлекол вниманието на таксистот, а вториот ја украл торба од задното седиште.

Се проценува дека работите во чантата вределе околу половина милион евра.

Официјалните лица веднаш реагирале и започнале истрага за лоцирање на сторителите на кражбата, а истрагата е под раководство на Француската бригада, пренесува „Ле Парисиен“.

Да потсетиме, Зико важи за еден од најголемите фудбалери на сите времиња. Неговата кариера траеше од раните 1970-ти до раните 1990-ти, а најголема трага остави во Фламенго.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.