Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, одговори на прашањето за неговите шанси да ја освои Златната топка.

 Да видиме што ќе се случи. Треба да го почекаме гласањето. Златната топка е мојот сон уште од детството. Сега не сум толку далеку од неговата реализација. Ќе видиме – ја пренесува изјавата на Бензема порталот „GFFN“.

Бензема беше прогласен за најдобар играч на сезоната според УЕФА.

Триесет и четиригодишниот француски напаѓач минатата сезона постигна 44 гола и 15 асистенции на 46 натпревари за Реал Мадрид во сите натпреварувања. Ги освои Лигата на шампионите и шпанското првенство.

Церемонијата на доделување на Златната топка ќе се одржи на 17 октомври во Париз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.