Дејвид Бекам, легенда на Манчестер јунајтед, смета дека клубот е во многу тешка ситуација.

Бекам, кој одбележа дел од историјата на клубот од „Олд Трафорд“, во подкастот на „Атлетик“, наречен „Talk of the Devils“, зборуваше за неволјите во кои се наоѓа славниот клуб.

На Јунајтед не му оди добро од пензионирањетп на Алекс Фергусон во 2013 година.

„Имаа навистина тежок период од пет или 10 години, но се знаеше дека ќе биде така кога шефот ќе го напушти клубот. Не е само тоа, изгубивме играчи како Рајан Гигс, Рој Кин и Гери Невил, тие долго време беа во Јунајтед“.

Дејвид зборуваше за Јунајтед на промоцијата на новиот документарец на Амазон, „99“, за одличната сезона на клубот кога ја освоија тројната круна во 1999 година.

„Се знаеше дека ќе биде тешко. Сепак, сите ние би сакале да му дојде крајот на ова, бидејќи сега сè трае предолго”, дополни Бекам.

Дејвид Бекам моментално е сопственик на МЛС франшизата Интер Мајами.

За Манчестер јунајтед одигра 394 натпревари и постигна 85 гола, освои 12 трофеи, од кои пет во Премиер лигата и Лигата на шампионите во 1999 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.