Тимот на Шкупи попладнево забележа победа над Работнички и изби на првото место на табелата во Првата македонска фудбалска лига.

Чаирчани го искористија киксот на актуелниот шампион Струга Трим Лум, како и нерешениот резултат дома на Шкендија.

Резултати на натпреварите од 12. коло во ПМФЛ одиграни попладнево:

Гостивар – Струга ТЛ 2:1
Македонија ЃП – Тиквеш 1:1
Шкендија – Воска Спорт 1:1
Шкупи – Работнички 3:0
Вардар АП Брера Струмица 1:0

Табела: Шкупи 25 бода, Шкендија 25, Струга ТЛ 21, Силекс 20, АП Брера 15, Тиквеш 15, Брегалница 14, Гостивар 14, Работнички 13, Македонија ЃП 12, Воска Спорт 12, Вардар 11. зс/

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.