Тренерот на Барселона, Чави, зборуваше за плановите за зимскиот преоден рок и призна дека е задоволен од сегашниот состав.

– Ние сме тоа што сме и среќни сме. Имаме победнички тим. Нашите фудбалери сакаат да победуваат, тоа го покажуваат на секој тренинг. Многу сум задоволен од составот што го имам, го цитира Чави италијанскиот новинар Фабрицио Романо на социјалните мрежи.

Вечер род 21 часот Барселона ќе одигра куп натпревар против Интерсити.

Каталонците се на врвот на табелата во Примера со 38 бодови од 15 кола



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.