Се појавија фотографии од нереалната палата во која Роналдо ќе живее со семејството во Ријад.

Имено, со преселбата во Саудиска Ал Наср, Роналдо за две години ќе заработи неверојатни 400 милиони евра, па реши да се почести со нова луксузна вила.

Португалецот сериозно размислува да купи вила во луксузната населба „Ал Мака“, која се наоѓа во близина на Ријад. Оваа нереална палата чини 14 милиони евра.

Овој замок се наоѓа во населба која е изградена исклучиво за богатите од западниот свет. Имаат се што им треба и се прилично изолирани од строгите исламски правила кои владеат со оваа земја.

Постојат бројни луксузни ресторани, приватни меѓународни училишта, базени, клиники, градинки, трговски центри – буквално се што им е потребно за живот.

Вилата има осум спални соби, базен со олимписка големина, па дури и водопад во лобито.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.