Данскиот фудбалер, Мартин Брајтвајт сака да остане во Барселона, иако каталонскиот клуб сака тој да си замине.

Тренерот Чави и раководството јасно му ставиле до знаење на Данецот дека бараат клуб кој ќе сака негов трансфер, поради што, како што пишува каталонски „Спорт“, воопшто не се задоволни со неговите изјави дека има цврста желба да остане во клубот.

Данецот има договор до 2024 година, но од Барса уверуваат дека тој нема да продолжи следната сезона. Брајтвајт има една од најниските плати во тимот, поради што не би требало да биде проблем да се најде клуб што ќе може да му дава толку пари при евентуален трансфер

Во Барселона се вознемирени од однесувањето на фудбалерот, затоа што, како што велат, играчот потпишал знаејќи дека пристигнува само како замена за повреден играч и дека може да си замине во секое време бидејќи нема да сметаат на него кога повредата ќе помине.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.