Австриската компанија за игри на среќа „Новоматик“ ќе биде новиот сопственик на Вардар, објави „Спорт1“.

Информациите на „Спорт1“ велат дека преговорите се во завршна фаза, се очекува прецизирање уште на неколку детали по што зделката и официјално ќе биде објавена.

Ова значи крај на голготата на вардаровите навивачи кои кинеа живци во изминатите години по крајот на ерата на Сергеј Самсоненко.

Според најавите, клубот во наредните години треба да има милионски буџет.

„Новоматик“ е австриска компанија која е сопственик на 2.000 казина и останати места за игри на среќа во повеќе од 50 држави Голем дел од нив се преку брендот „Адмирал“, кој е присутен и во Македонија од 2009 година. Оваа компанија на светско ниво има преку 20.000 вработени и вкупен годишен приход од 1,8 милијарди евра.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.