Фудбалската репрезентација на Австрија славеше со 3-1 против Полска во натпревар од Д групата на Европското првенство во Германија.
Со оваа победа Австријците направија голем чекор кон осминафиналето на ЕП, додека Полска најверојатно ќе ги спакува куферите бидејќи и остана меч само со првиот фаворит во сегментот Франција.
Австријците од својата прва шанса успеаја да стигнат до водство од 0-1 преку Гернот Траунер во 9. минута од мечот.
Полска својата прва шанса во мечот ја имаше во 18. минута преку Залевски кој биеше непрецизно над голот на Австрија. Полјаците сепак успеаја да стигнат до израмнување (1-1) и тоа против Кшиштоф Пјонтек во 30. минута.
Ново водство за Австрија (1-2) донесе Кристоф Баумгартнер во 67. минута.Сите дилеми околу победникот ги разреши Марко Арнаутовиќ со својот гол од пенал за 1-3 во 78. минута.
Ова е втор пораз на Полска во групата што најверојатно значи дека нема да помине во следната фаза, посебно што следниот натпревар и е со Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.