Арсенал го совлада Вулверхемптон на гостински терен во натпреварот од 34. коло на Премиер лигата со 2:0. Ова за лондонскиот тим е шести натпревар во низа како не примаат ниту еден гол на гостински терен во првенството, со што се наоѓаат пред изедначување рекорд стар 15 години.
Претходно таков резултат остварија само Челзи во декември 2008 година и Манчестер јунајтед во февруари 2009 година. Тогаш екипите одиграа седум натпревари на гости со „чиста мрежа“, што е рекорд во Премиер лигата.
Следно гостување на „Топчиите“ во Англиското фудбалско првенство е на 28 април против Тотенхем.
Арсенал со 74 бодови го престигна Манчестер сити (73) и изби на првото место во Премиер лигата, но „граѓаните“ имаат натпревар помалку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.