Аргентина има голема предност од 2-0 на полувремето против Франција и е блиску до светскиот фудлалски трон.

Аргентинците подобро го отворија мечот, од самиот старт ја контролираа играта и создаваа полу шанси.

Во 22. минута Дембеле го сруши Ди Марија во казнетиот простор, судијата покажа пенал, а сигурен реализатор беше Меси.

Десет минути подоцна Аргентина изведе одлична полуконтра која со гол ја заврши Ди Марија за предност од 2-0.

Франција беше целосно индиспонирана и го одигра најлошото полувреме, без да создаде ниту една шанса.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.