Жалбата на Јувентус за враќање на титулата од 2005/06 е одбиена. Во понеделникот, италијанскиот државен совет отфрли уште еден обид на „Бјанконерите“ да ја оспорат одлуката со која на тимот му беше одземена титулата на Италија во 2006 година.

 

Јувентус поднесе жалба, во која обвинети беа Италијанската фудбалска федерација, Интер и Италијанскиот олимписки комитет.

 

Титулата конечно му е доделена на Интер.

 

Јувентус ја заврши сезоната 2005/06 со рекордни 91 бод во првенството, но поради учество во корупциски скандал во италијанскиот фудбал, познат како „калчополи“, беше дисквалификуван, му беше одземена титулата и беше префрлен во Серија Б



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.