Англиските навивачи во Германија, уште еднаш покажаа зошто практично секое нивно гостување во некоја земја се дочекува со страв и целосна внимателност.

Овојпат тоа беше случај со Франкфурт, каде што Англичаните играа против Данска. Во оваа пригода, англиските фанови не направија некој инцидент во кој ќе има масовна физичка пресметка, но затоа, пак, центарот на градот го оставија во вистински хаос од расфрлано ѓубре и отпадоци.

Шокираноста од однесувањето на Англиачните во Франкфурт ја искажа дури и еден англиски навивач, кој на социјалните мрежи објави видео од главниот плоштад во Франкфурт, на кој престојуваа англиските фанови и кој по нивното заминување остана преполн со расфрлани шишиња, кеси, хартии и какво ли уште не останато ѓубре.

Буквално никогаш во животот немам видено вакво нешто“, коментира тој во видеото/

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.