Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, за „Спорт1“ го коментира успехот на хрватската репрезентација на Светското првенство во Катар.

Ангеловски ја опишува еуфоријата што владее во Хрватска деновиве. Тој вели дека Хрватите имаат огромна почит кон својата држава и кон репрезентацијата, дека сè е подредено на хрватската репрезентација и дека сите се надеваат дека ќе дојдат и до финале и до златото.

Каде е силата на Хрватска? Во заедништвото, во тоа што се семејство. Се знае дека Лука Модриќ е лидер, иако во соблекувална е еднаков меѓу еднаквите, сепак го има главниот збор, но тоа што јас многупатии сум го кажувал, дека кога еден Бекенбауер, Пандев зборуваат – сите треба да молчат. Е, слушајќи го Модриќ еве до каде дојде Хрватска. Има пет титули со Реал во Лига на шампиони, Брозовиќ во Интер и е еден од најдбрите последни играчи за врска, Ковачиќ беше во Реал сега во Челси, Перишиќ беше во Интер сега во Тотнем, Гвардиол е одличен, Јурановиќ од Селтик…

 

Хрватите прво вложија во терени со хибридна подлога, која нуди феноменални услови за игра, направија многу помошни терени за да може многу млади таленти да се развиваат, а величенствен е тој извоз на екстра талентирани играчи, вели Ангеловски.

Повеќе на „Спорт1“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.