Првиот селектор на македонската фубалска репрезентација, Андон Дончевски им посака успех на нашите фудбалери во квалификациите за ЕП 2024.

На подарок доби нов дрес со кој ќе настапува А- селекцијата.

Во негов стил, им посака успех.

Јунаци, моја почит кон сите вас. Македонскиот фудбал го кренавте. Јас го почнав, тешко, меѓутоа знаев дека ќе дојде и генерација како вас, им рече Дончевски на фудбалерите.

Нашиот национален тим се подготвува за првиот меч од квалификациите за пласман на Европското првенство во Германија во кој ќе ја пречекаме Малта в четврток на „Тодор Проески“ арената од 20.45 часот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.