Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота изјави дека поранешниот напаѓач на „нероаѕурите“, Алексис Санчез, го известил за неговата желба да се врати во италијанскиот клуб.
Санчез сака да се врати овде. Алексис ни испрати јасни сигнали за неговата желба да се врати во Интер, вистина е, го цитира Марота новинарот Фабрицио Романо.
Чилеанскиот напаѓач играше за Интер од август 2019 до август 2022 година. Заедно со тимот го освои италијанското првенство, како и Купот и Суперкупот на земјата.
Чилеанецот има 109 настапи за Интер во сите натпреварувања, на кои има ефект од 20 гола и 23 асистенции.
Во сезоната 2022/23, 34-годишниот Санчез одигра 44 натпревари за Марсеј и постигна 18 гола во сите натпреварувања. Во моментов има статус на слободен играч.
Претходно, на 4 август се појави информација дека Санчез би можел да се врати во Барселона, за која играше од јули 2011 до јули 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.