Познатите фудбалери кои играа во Шпанија во последните години често беа мета на разбојници.Нивните куќи биле ограбувани обично додека биле на натпревари. Шпанската полиција долго време не можеше да ги фати криминалците, а потоа топката почна да се одмотува. Се испостави дека се Албанци од Косово Еден од нив, „ел капо“ или газдата, зборувашр за шпанскиот весник „Ел Еспањол“.

Во серијалот на овој весник „Мафија што ограбува познати личности“, шефот на албанската мафија од Косово се претставувал како Алберто.

Тој ја ограбил куќата на Кристијано Роналдо во неговата родна Мадеира. Исто така, неговиот втор тим успеал да влезе во замокот на Лионел Меси во населбата на Барселона наречена Кастелдефелс, но разбојниците не одзеле ништо.

Алберто го оправда овој чин со тоа што Меси е неговиот омилен фудбалер и дека го поштедил својот дом од почит.

„Неодамна, пред околу една година влеговме во куќата. Меси тогаш веќе беше во Париз, а неговите родители живееја таму. Добро ја познавам таа област, можев, но не сакав од почит кон Меси. Го сакам и тоа е тоа. Неколку пати дури и запирав луѓе кои сакаа да упаднат во куќата на Меси“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.