Албанската министерка за надворешни работи Олта Џаџка изјави дека фудбалската репрезентацијата одбива да игра против рускиот тим во Лигата на нации на УЕФА.
Ова го пренесува „РИА Новости“ повикувајќи се на Асошиетед прес.
– Албанија нема да се натпреварува на спортски натпревари со учество на Руси, рече Џаџка.
Противници на Русија во групата 2 во Лигата на нации се Исланд, Израел и Албанија.
На 27 февруари, ФИФА објави дека поради ситуацијата во Украина, репрезентацијата на Русија ќе ги игра домашните натпревари на неутрален терен и без публика, а исто така ја забрани употребата на руското знаме и химна на меѓународни натпревари во кои учествуваат тимови на Рускиот фудбалски сојуз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.