Фудбалските федерации на Србија и Албанија поднесоа официјална кандидатура за заеднички домаќин на Европското првенство за млади во 2027 година, соопшти денеска Фудбалскиот сојуз на Албанија (ФСХФ).
– ФСХФ соопштува дека се пријавила за организација на завршниот турнир ЕУРО 2027 за играчи до 21 година. ФСХФ ќе соработува со Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), бидејќи нашата земја не ги исполнува условите да биде домаќин на сите натпреварите на ЕУРО 2027, објави ФС на Албанија.
ФСХФ потсети дека Тирана беше домаќин на финалето на Лигата на конференцијата во 2022 година.
-Ова, без никакво сомнение е многу амбициозен проект, кој ќе ја однесе Албанија во центарот на фудбалското внимание на целиот континент, констатира Топ чанел пренесувајќи ја веста.
ФСХФ потсетува дека Тирана беше успешен домаќин на финалето на Лигата на конференцијата во 2022 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.