Раководството на Ајакс го отпушти тренерот Морис Стајн. Од холандскиот клуб известија дека двете страни одлучиле да го раскинат договорот кој беше со важност до летото 2026 година.

Управата и јас дојдовме до заклучок дека ова е најдоброто решение, иако многу ми е жал. Луѓето кои ме познаваат знаат дека направив сè што е можно за да го вратам Ајакс таму каде што припаѓа. Но, не успеав, изјави 49-годишниот фудбалски стручњак.

Под водство на Стајн, екипата од Амстердам нема победа веќе осум натпревари. Во холандскиот шампионат, најтрофејниот клуб во земјата е на претпоследното место со пет бодови од седум натпревари натпревари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.