АЕК синоќа на домашен терен одигра нерешено со Динамо Загреб во реваншот од полуфиналето од квалификациите за Лигата на шампионите – 2:2. Хрватскиот тим беше во водство на средбата благодарение на головите на Јосип Шутало (45+2 минута) и Роберт Љубичиќ (65.), но ја испушти предноста во самата завршница од натпреварот.
Во 90+2 минута Серхио Араухо го намали заостатокот на грчкиот клуб, а седум минути подоцна Домагој Вида постигна гол откако голманот на Динамо го одбрани пеналот.
Во првиот натпревар АЕК го победи противникот (2:1), па се пласираше во финалето од квалификациите каде ќе игра со Антверпен.
За Динамо цел натпревар одигра македонскиот интернационалец Стефан Ристовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.