Сведоци сме на вистинска фудбалска манија околу првиот судир на Килијан Мбапе како играч на Реал Мадрид против Барселона.

Речиси 1,1 милион луѓе се обидуваат онлајн да обезбедат билет за многу очекуваниот настан. Ова е уште еден доказ за огромниот интерес за француската суперѕвезда, кој продолжува да ги возбудува фудбалските фанови ширум светот.

Натпреварот ветува дека ќе биде епски, а Мбапе, еден од најдобрите напаѓачи во светот, првпат ќе се соочи со Барселона откако е дел од „Кралскиот клуб“. Иако билетите брзо се распродаваат, интересот за натпреварот продолжува да расте, при што платформите за онлајн продажба на билети забележуваат рекордна активност.

Навивачите со нетрпение очекуваат да видат како ќе помине Мбапе против нивните големи ривали, а натпреварот дефинитвно ќе биде еден од најголемите спортски настани во годината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.