Дојде време (,,Vrijeme će doći’’) за легендарниот поп реге бенд од Босна, по распродадените концерти во регионот, „Зостер“ за прв пат пристигнуваат на Д фестивал!

До сега имаат издадено пет студиски албуми, а новиот студиски албум наречен „Најгори“ кој излезе во 2023 постигна неверојатен регионален успех. Нивните теми како Фестивал Будала и Банана стејт се реалноста која ја живееме, а нивниот светски звук е токму она што ни треба за жешкото Дојранско сонце за време на Д Фестивал!, информираат организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.