Некогашниот пејач на „Бијело дугме“, Жељко Бебек (78), ќе одржи славенички концерт во Охрид на 18 јули во Античкиот театар, објави продукцијата „Сцена“. Овој концерт е дел од неговата прослава на 50 години кариера.
Минатата година, Бебек со својот бенд одржа концерт во Филхармонијата во Скопје со репертоар од негови соло песни и хитови кои ги пеел во „Дугме“. Во бендот, гитара свири неговиот син Звонимир. Бебек минатата недела објави дека нема да биде дел од славеничката турнеја на „Дугме“ по повод 50 години од основањето на групата.
Билетите за концертот во Охрид ќе бидат во продажба од 9 мај преку продажната мрежа на mktickets.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.