Возбудливи вести од Д Фестивал: Fatoumata Diawara ни се придружува на главната бина!, соопштуваат од Д Фестивал.

Директно од Мали ни доаѓа волшебната Fatoumata Diawara да ја краси сцената на Д Фестивал со нејзиниот извонреден вокал и моќни перформанси. Гласот на Fatoumata е хипнотизирачки спој на традиционалната афричка музика и модерното, беспрекорно проткајувајќи ги различните жанрови. Како застапник за африканската култура, таа ја отелотворува и го слави духот на жената во нејзината уметност.

Таа позади себе има два успешни албуми “Fatou” (2011) и “Fenfo” (2018) кои се фаворит на критичарите и публиката. Нејзината соработка со Gorillaz на патеката „Désolé“ ја покажа нејзината сестраност, со нејзиното меѓународно признание за соработката, таа продолжува да ги руши границите во музичката индустрија.
Надвор од нејзината музичка моќ, Fatoumata е и актерка која била номинирана на наградите БАФТА и Оскарите во 2014 година, покрај тоа и активистка која се залага за поддршка на женските права и социјалната правда!
Не ја пропуштајте оваа ретка можност да бидете сведоци на магијата на Fatoumata Diawara во живо на Д Фестивал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.