Од 13 до 20 август 2024 година во Струмица под мотото Културни Бранови на Радоста ќе се одржи овогодинешното издание на Струмица Опен Фестивал 2024. Во овие денови градот ќе биде епицентарот на забавата и културата. Фестивалот ќе се одржи на три локации: малиот градски парк,  големиот градски парк и старата чаршија.

Пубиката ќе има привилегија да ужива во настапите на реномирани имиња од македонската музичка сцена, кои ќе пружат уживање за сите генерации!

Не дозволувајте да ви раскажуваат! Ова лето, дојдете и бидете дел од енергијата што ќе ја преплави Струмица. Подгответе се за Културни бранови на радоста, велат организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.