Слобода Миќаловиќ на Инстаграм објави видео од претставата „Алиса во земјата на стравовите“ со која синоќа во Охрид се затвори 64. „Охридско лето“.

Актерката го прослави својот роденден на сцената, бидејќи претставата почна подоцна поради временските неприлики и траеше по полноќ, а колегите ја пречекаа зад завесата и ѝ приредија изненадување.

Синоќа се случи магија. Никогаш не замислував дека роденденот ќе го прославам на сцена. Точно на полноќ. Им благодарам на моите драги колеги за љубовта. Вакво нешто никогаш не може да се заборави, напиша Слобода.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.