„Рингтонс“ синоќа прославија 10-ти роденден со специјален јубилеен хуманитарен концерт во Станица 26. Целта беше да се соберат средства за да се обезбедат музички инструменти за учениците на ООУ ,, Браќа Рамиз-Хамид”.
Многубројната публика уживаше во нивните изведби заедно со специјалните гости: Верица Пандилоска, Лидија Кочовска, Никола Перевски – Пере, Дупер, БРХ бенд, ДЈ Славе и Јана Серафимова.
Лидија Кочовска со пејачката на „Рингтонс“, Дина Јовановска, ги испеа „Ти си тој“, и „Доволно луд“, Никола Перевски-Пере од „Нокаут“ и „Дупер“ ја развеселија публиката во продолжение на концертот, а Верица Пандиловска ги потсети присутните на нејзиниот голем хит „Кучкин син“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.