Во среда на 6 декември 2023 година во 18:00 часот во Дом на култура “Кочо Рацин” (наспроти средното училиште Јосип Броз), ќе биде одржана промоцијата на првиот и вториот број од меѓународното академско списание Балкански Хип Хоп Студии (www.balkanhhs.com).

Магазинот го поставува македонскиот хип хоп таму каде што треба – на врвот на балканската хип хоп сцена, а во него учество земаа универзитетски професори од целиот Балкан во чиј домен на истражување се хип хопот и урбаните поткултури. Од Македонија како соработници се јавуваат дел од најдобрите домашни хип хоп имиња (Ицко – Чиста Околина, ДЈ Гоце САФ, Тони Зен, ДЈ Бугимен и Кацар).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.