„Право дома“ е најновата снимка на Гуру Харе и Игор Џамбазов дел од албумот „Првите 30“. Музиката, текстот и вокалот се на Џамбазов, аранжман и гитари на Игор Атанасоски – Харе, тапани – Златко Михајловски – Бумбар, бас – Трајко Симоновски – Таци, клавијатури – Филип Димишковски ,придружен вокал – Тања Тас. Песната е снимена во Студио Тралала – Скопје од Мите Димовски.

Албумот кој го промовираа минатата година , ја содржи музиката која Игор и Харе ја созадавале изминатите три децении. Издаден е во „Сони Австрија“ содржи 17 песни. Дизајнот е на Елисавета Бејкова, а фотографијата на обвивката е на Иван Наунов. Станува збор за компилација од она што овој креативен тандем го создал изминатите 30 години. Старите, веќе познати песни се во нов ремикс, а Игор и Харе ги радуваат обожавателите на нивната музика со новите студиски снимки.

Игор Џамбазов и Игор Атанасоски – Харе се дуо кое не само приватно туку и професионално воспоставува критеруми за музички и поетски квалитетен производ кој веќе 30 години живее и расте кај нас. Има и нови песни на албумот  како „Дебела сенка“ и „Пеј“, кој доби и своја видео приказна во режија на Стефан Рајхл и нивната верзија на песните „Заветна“ и „Ако умрам ил загинам“. Од постарите секако тука се: нивната прва заедничка песна „Да си жив и здрав“, „Две експреса и бонаква“, „Право дома“. „Диши длабоко“, „Оver dose од blues“,„Каква е оваа ситуација“ и други.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.