Овој петок, 23 февруари 2024 во Градска кафеана Пелистер, Croatia Records Makedonija организира  пладневно матине со Јурица Паѓен, фронтмен на легендарниот загребски состав „Аеродром“, кој на 24 февруари во сабота ќе настапи на концертниот спектакл „Памтим само сретне дане“ во Македонска филхармонија.

На средба со новинарите ќе бидат претставени двете актуелни изданија на Јура и „Аеродром“, објавени под етикета на Croatia Records – студискиот албум „Дневни ритуали“ и колекција хитови „Greatest Hits Collection“.

Јурица Паѓен на музичката сцена е повеќе од 50 години. Членувал во „Група 220“, „Парни ваљак“, „Азра“…, бил дел од „Севдах шатл бенд“ на Џони Штулиќ, снимил неколку соло-албуми, соработувал со многу музичари од регионот…, но главниот дел од кариерата и го посветил на групата „Аеродром“. Ги паметиме хитовите – „Фратело“, „Обична љубавна пјесма“, „Дигни ме високо“, „Стави праву ствар на право мјесто“, „Што си у каву ставила“…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.