По црковната церемонија во Дубровник, синот на Род Стјуард и неговата избраничка, заедно со поканетите гости продолжија да се забавуваат во Ловрјенец. Свадбената веселба траела до раните утрински часови, а доброто расположение не го расипа ниту дождот.

Пеела Клапа Каша, на саксофон настапи и Жељко Барач, се забавуваше и со диџеј, а изненадувачки музички гостин за невестата беше Петар Грашо.

Кога се појави Грашо и ја отпеа „Ако те питају“, невестата Никол се разголе, а солзи радосници и потекоа од очите, потоа ја прегрна хрватската ѕвезда.

Водеото може да го погледнете овде.

Гостите на свадбената веселба уживале во локалното пиво, додека раскошната свадбена торта имала три нивоа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.