„Лажни светови” е насловот на најновата песна на Бојана Скендеровски. Станува збор за одлична балада во која таа го покажува сиот свој раскош, сета своја емоција.

„Лажни светови“ е вистинска емотивна, женска песна, која Бојана ја носи маестрално и го покажува сиот свој музички раскош. Автор на музиката и текстот е Александар Тарабунов – Тара, додека аранжманот е со потписот на Димитар Андоновски.

Одамна сакав ваква песна, сакав да отпеам нешто што ќе трае. Сакав песна со музика, мелодија и песна што ќе може да биде отсвирена во живо, со инструменти. Во денешно време на компјутерска музика ни недостасуваат песни со мелодија отсвирени во живо“, рече Бојана и призна дека верува во “Лажни светови” зашто е направена со многу љубов, емоции.

За песната е снимено и видео кое е работено под капата на Скендеровски продукција, во кое главната улога инприпаѓа на Бојана, а акцентот е ставен на емоцијата. Бојана се појавува во неколку интересни креации за кои беше задолжена Ивана Кнез.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.