Со огромна возбуда ви го најавуваме четиринаесетото издание на Д Фестивал, кое ќе се одржи во периодот од 28 до 30 јуни! , соопштија организаторите.

И сега, нашиот официјален слоган – #LoveSpreads! 🌟 Ширете го чувството на љубов, заедничката радост и припадност, бидејќи знаеме дека Љубовта е она што нè поврзува и прави нашите срца да чукаат посилно. 🎶

Фестивал на кои ќе доживеете неверојатни звуци, вкусови и активности за сите сетила! Под отворено небо уживајте во музика, јога, цртање, филмови, освежете се со нова тетоважа, спортувајте, смејте се на стенд ап комедија и завршете го денот со танцови под ѕвезди. 🎉
Продажната акција – РАН КОРМОРАН стратува во среда од 12:00 преку продажната мрежа на MkTickets, со почетна цена на билети:
– 1200 денари (тридневен фестивалски билет за цела програма);
– 1300 денари (тридневен фестивалски билет за цела програма + камп место).
Не пропуштајте го 14. Д Фестивал! Заокружете си ги датумите во календар и придружете ни се на едно неверојатно искуство! #LoveSpreads!
Дизајн на постер, Еден и Единствен: Vane Kosturanov
Официјален настан: https://fb.me/e/3lNEYOUbj



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.