27. Златна бубамара на популарноста е закажана на 22.02. во арената „Борис Трајковски“.

Картите за овогодишниот спектакл се продадоа со рекордна брзина – зашто кај нас, ако имате карта, не ви треба нова лична карта ни пасош. Освен тоа, кај нас забавата секогаш е – безгранична.

Поради големиот број апликации, денес се пуштени уште дополнителни и последни 150 карти за овогодишната манифестација, на која закажуваме заедничко фотографирање за пасоши и лични карти, а може и за возачки дозволи, велат организаторите.

Ако во четврток, за време на манифестацијата добиете нова возачка, на пример, не мора да се плашите од сообраќајна контрола, зашто кај нас, согласно со духот на времето, ќе се пие – гола вода. Така, по овогодишната манифестација, ќе излезете од арената „Борис Трајковски“ апсолутно трезни – за се што се случува околу нас.

Затоа, барајте карти за Златна бубамара. За цена не се прашува. Важно е да си таму.

Последните карти се во продажба од денес – насмејте се, ќе се сликаме!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.