Во еден глас од срце и со полна душа се пееше „Бисер Балкански“ во преполната сала „Јане Сандански“ на концертот на „Некст тајм“. Бендот најавува дека наскоро концертот ќе може да се погледне на МТВ, како и онлајн. Засега споделуваат само дел од неописливата со зборови атмосфера:

 

Чекавме 15 години за ваков магичен момент, момент што не се опишува со зборови можеби ниту со слика, едноставно е врежано во нашата душа и меморија, која што вечно ќе ја носиме во нас.
Благословени сме што ве имаме и среќни што ни давате можност нашиот сон музички да го живееме на волкава сцена.
Ве сакаме Македонијо, не застануваме тука ова е еден огромен мотив да се докажуваме уште повеќе.
Најголемото благодарам иде за вас публиката, ВЕ САКАМЕ.
ЖИВА БИЛА МАКЕДОНИЈА!!!, порачаа по концертот Стефан и Мартин Филиповски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.