Во Националната опера и балет викендов ЗЏМ Биг бенд свиреа „Леб и сол“. На целовечерниот концерт можевме да ги чуеме култните нумери „Скопје“, „Исток -запад (телепатски), „Таласна дужина“, „Деветка“….и уште многу други кои не вратија во едно друго време.

По обраќањето на Гоце Стефковски, публиката уживаше во секој миг во аранжманите адаптирани за биг бенд изведба, а на членовите на ЗЏМ Биг бенд  на сцената им се придружи и Евгенија Чанчалова чија прекрасна изведба никого не остави рамноушен во салата. Во публиката можеше да се забележат и Кокан Димушевси и Бодан Арсовски некогашните членови на „Леб и сол“, бенд чија работа претставува фундаментален и незаменлив дел од македонската музичка историја.

Концертот, пак, на ЗЏМ Биг бенд свири „Леб и сол“ под диригентската палка на Емин Џијан покрај убавото чувство што го предизвика кај сите присутни во публиката која ја исполни салата на Националната опера и балет до последното место, секако придонесува за развивање на уникатен звук и негување на вистинските музички вредности.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.