Помина скоро една година откако младата поп-ѕвезда Антониа Гиговска предизвика турбуленции на македонската музичка естрада со нејзиниот приватен живот, а пред неколку месеци таа ја оствари и најважната улога во својот животот – стана мајка. По долгиот „молк“, Антониа вчера се врати во полн сјај со најновата песна на српски јазик „Брига ме“ и одговори на многу од прашањата кои стигаа на нејзина адреса изминатиот период…
„Јас секоја твоја пцовка ја бројам, срами се, срами се и црно баш убаво ми стои, те жалам, те жалам“ – вака би бил преводот на дел од стиховите, а што сакаше Антониа со ова да порача и на кого, проценете вие.
Музиката и аранжманот за песната се на Дарко Димитров, додека текстот е дело на Виолета Михајловска Милиќ.
Исто така, „прашина“ крена и видеоспотот за песната на кој режисер е одличниот Томислав Живковиќ, во кој Антониа можеме да ја видиме во неколку различни и смели изданија.
Ова е само почеток од она што допрва следува од Антониа и нејзиниот тим, а со оваа песна таа се врати и на живите настапи по пауза од неколку месеци..
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.