На ситно се одбројуваат деновите до големото финале на регионалното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.

Во финалето е и нашата Андријана Петрушовска:

А, продуцентот Саша Поповиќ веќе ја подготвува новата сезона, па на аудицијата во Скопје ексклузивно откри детали за тоа како ќе изгледа таа.

Секоја сезона е уникатна и поразлична од останатите. Оваа сезона која наскоро ќе ја крунисаме со финале буквално беше една од најдобрите, односно најдобра. Следната сигурно ќе биде уште повозбудлива. Откако ќе ги завршам сита аудиции ги носам новите одлуки врз основа на квалитетот на натпреварувачите. Ќе видиме дали ќе има завеса или некој нов новитет. Едно знам ќе биде тешко да се изберат 96 кандидати кои ќе ја познат борбата, рече тој.

Меѓу другото Поповиќ потсети дека и оваа година одлуката кој ќе ја понесе победата ќе ја имаат гледачите, односно нивните гласови.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.