Од денес пуштени се во продажба влезниците за јубилејниот концерт на Наум Петрески во Битола, „35 години Наум”, кој воедно претставува и концертна промоција на албумот “Најдоброто од Наум”, информираат организаторите.

Концертот ќе се одржи на 04.08 во Хераклеа Битола со почеток од 21:00ч., а влезниците по цена од 350,оо денари можат да се набават преку продажната мрежа на Купикартизасе како и онлајн на следниот линк- https://www.kupikartizase.com/Events/naum_heraklea

Во текот на идната недела ќе Ве информираме за продажбата на влезници за концертот во Долни Сарај Охрид, кој ќе се одржи на 11 август, соопштија оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.