Македонија, сепак, нема за последен пат да ги види Дејвид Кавердејл и друштвото на сцена откако „Вајтснејк“ го откажа остатокот од европската турнеја од здравствени причини. Концертот во Скопје требаше да се одржи на 12 јули.
Како што информира организаторот, Авалон Продукција, ,,Whitesnake” и David Coverdale, поради здравствени причини на Coverdale, покрај претходно откажаните четири концерти, бендот го откажа и остатокот oд европската турнеја во која од седум концерти, три требаше да бидат во организација на Авалон Продукција – Скопје, Белград и Сараево.
Англискиот рок бенд кој е присутен на сцената околу пет децении, кон крајот на минатата година ја најави турнејата која беше планирано да започне на 10 мај во Даблин, а потоа да продолжат со концерти во Лондон, Манчестер, Стокхолм, Минхен, Загреб, Будимпешта, Белград, Атина, Скопје… и за крај Могилово, соседна Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.