Денеска се навршуваат 15 години од смртта на ангелот Тоше Проески. Сеќавањето на него се уште предизвикува болка и чувство на голем недостиг кај секој од нас, но сведоштвата за него покажуваат колку голем човек бил.

Во редакцијата на српски Курир се јавила Антонија А., која тврди дека благодарение на хуманоста на пејачот, нејзиниот живот бил спасен, но тој не сакал тоа да се знае. Иако му ветила дека нема да каже за неговото големо дело, сепак од почит кон него решила да ја раскаже својата приказна, но без да се фотографира, чувајќи го ветувањето на Тоше.

Тоше беше ангел на земјата. Не само што пееше како ангел, туку таква му беше и душата. Пред неговата смрт водев некои негови фан страни. Додека можев го следев, одев на неговите концерти. Сепак во 2006 година ми беше дијагностицирана леукемија и за операција ми требаа 35.000 евра. Не знам како, но до Тоше дошла информацијата за мојата состојба. Една вечер, заѕвони телефонот. Татко ми ми ја даде слушалката, а кога го слушнав неговиот глас, се одзедов. Малку разговаравме, ми кажа дека знае се за мене и колку го сакам. Со оглед на тоа дека неделата потоа требеше да има концерт во моето место, ми вети дека пред концертот ќе дојде да ме види – раскажува Антонија.

Потоа ја опишала и нејзината прва и последна средба во живо.

Дојде дома, тих, со насмевка. Ненаметлив, никогаш нема да да го заборавам сјајот во неговите очи. Моите родители и јас му раскажавме се за мојата болест и лекувањето. Веднаш рече дека ќе ги сноси сите трошоци на лекувањето, но под услов никогаш да не зборувам за тоа. Таа вечер доцнел на концертот. Една недела подоцна ги уплатил сите пари на наша сметка. Ете таков човек беше Тоше. Благодарение на него, јас сум жива – ја завршила приказната уплаканата Антонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.